Чистење на патот до Норово, големи наноси на земја по невремето

Во с. Норово се расчистуваат улици и патот кој води до населеното место по големите врнежи кои наносија земја.

Патот е речиси целосно покриен со земја, но по интервенцијата на „Комуна“ асфалтниот пат ќе биде вратен во првобитна состојба.

„Имаше големи врнежи и на неколку места во Норово големи количини земја се најдоа на асфалтот и го покрија целосно. По смирување на времето со наша механизација го расчистуваме патот.“, велат од ЈП „Комуна“ Крушево.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево