ЈП „Комуна“ Крушево продолжува со тековно одржување во повеќе области. Денес се работи на потпорен ѕид на ул. Коча Миленку, односно по главната сообраќајница во градот.
„Продолжуваме со тековно одржување и ова се потреби и проблеми кои излегуваат во нашата секојдневна работа. Работиме во исклучително тешки услови како резултат на ниските температури и затоа бараме на разбирање кај граѓаните. Потпорниот ѕид на оваа улица е нешто на кое започнавме со работа, паралелно со останатите секојдневни активности.“, изјави ВД директорката на ЈП „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска.
Претходно „Комуна“ објави дека во изминатите 2 месеци се работеше на реконструкција на водоводна линија, одржување на потпорни ѕидови и проширување на улици и спрведување на водоводна линија за викенд зоната на Крушевско Езеро.