Одржување на улици во центарот на Крушево

Одржување улици

Локација: Центар на Крушево

Денес продолжуваме со работа во центарот на Крушево, покрај редовните обврски на ЈП „Комуна“ Крушево.

Се работи на одржување на јавни површини и уредување на улицата која поминува покрај зградата на Македонски пошти и води кон градскиот плоштад „Никола Мартиноски“ и градскиот парк.

„Продолжуваме со тековни активности. Покрај управување со отпадот, работа на отстранување на наноси на земја денес се задржуваме во центарот на тековно одржување на улици. Работиме на една од најпрометните улици, особено во претпладневниот дел од денот, за да обезбедиме безбедност, проодност и подобар изглед.“, изјави ВД директорката на „Комуна“ Крушево Станка Ефремова Трајкоска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

ЈП „Комуна“ - Крушево